Влада: Отписот на долговите за струја не е на товар на граѓаните

Од:

Отписот на долговите за електрична енергија се однесува на заостанатите долгови на граѓаните заклучно со август 2005 година, односно до моментот од кога ЕВН ги презеде долговите од државната компанија ЕСМ. Освен долгот за струја, во предвидениот отпис е опфатен и долгот за радиодифузна такса која до тој период се прибираше преку сметките за струја, информира Владата на Република Македонија.

Бројката на граѓани опфатени со овој отпис на долгови, посочуваат од владината прес-служба, е утврдена во консултација со ЕЛЕМ и ЕВН врз основа на бројката на оптужени должници и изнесува околу 200 илјади граѓани.

-Во голем процент станува збор за граѓани од ранливите категории население, како корисници на социјална помош и пензионери. Со отписот на долговите, граѓаните опфатени со оваа мерка се ослободуваат и од натамошните бирократски и административни постапки, кои освен олеснување од правно-процедурален аспект, за граѓаните значи и ослободување од сите идни трошоци поврзани со извршителски, нотарски и судски такси и трошоци за постапки на извршување, велат од Владата.

Овој отпис на долговите за струја и радиодифузна такса, посочуваат, на ниту еден начин не значи дека вкупниот долг ќе биде надоместен од Буџетот на државата, односно дека паѓа на товар на останатите граѓани, туку едноставно за отпишување на овој долг за кој постои изразена силна волја од Владата на Република Македонија, од ЕЛЕМ, како и од ЕВН.

-Со оваа мерка единствена придобивка ќе имаат нашите сограѓани на границата на социјалната сигурност, кон кои Владата, како и компаниите ЕЛЕМ и ЕВН, се должни да ја изразат својата солидарност како институции и компании со висок степен на општествена одговорност. Владата на Република Македонија, заедно со сите чинители во енергетскиот сектор, продолжува да креира политики кои создаваат услови за стабилни цени на струјата, и мерки за враќање на парите кај граѓаните од користењето на природните ресурси како што е евтината тарифа, за разлика од периодот од 2006 до 2016 година кога електричната енергија поскапи за 100 отсто, потенцираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер