Влада: Одлуката од први септември наставата да биде со физичко присуство е целосно во согласност и со препораките на УНИЦЕФ

Од:

„Отворањето на училиштата е препорака и на УНИЦЕФ. Подготвени се потребните протоколи за заштита. Училиштата исто така. Искуството од минатата година со наставата за учениците од прво до трето, покажа дека училиштата имаат капацитет да го спроведат образовниот процес и во вакви услови и нема сомнение дека така ќе биде и годинава“, беше нагласено на прес-конференцијата на портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Мухамед Хоџа.

Тие соопштија дека од први септември наставата почнува со физичко присуство во сите училишта и истакнаа дека најдобар начин за да го заштитиме и менталното здравје и да се одржи нивото на квалитет на наставата и социјализацијата на учениците е тие да се во училница и тоа ќе биде направено во оваа учебна година.

Портпаролите информираа дека последната седница Владата ги усвои измените и дополнувањата на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19. Со овие измени на мерките се дозволува организирање и одржување на спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, кладилници, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30 проценти од капацитетот на просторот, а на отворено до 50 проценти од капацитетот, со почитување на протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19.

Сите други мерки донесени на 99-та седница на Владата остануваат во сила.

Портпаролите информираа дека на оваа седница Владата го разгледа Извештајот на ЈП „Национални шуми“ за штетите од пожарите заклучно до 15 август и во него се констатира дека од вкупно 9.907 хектари зафатени со пожарите, 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса.

Владата го задолжи ова јавно претпријатие да донесе програма за пошумување со план за активности уште во текот на оваа есен.

Дополнително, ЈП „Национални шуми“ се задолжени целокупното количество опожарена дрвна маса како последица од пожарите да остане во сопственост и со неа целосно да стопанисува ЈП „Национални шуми“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито