Влада: Одлуката на Иванов очекувана, но не влијае на имплементација на договорот за името

Од:

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот.

– Одлуката на Иванов беше очекувана, и таа нема влијае на во имплементацијата на фазите од договорот. Владата на Република Грција веќе ги испрати писмата до ЕУ и НАТО, информираат од владата.

Од таму посочуваат дека резултатот од референдумот ќе биде обврзувачки за сите политички субјекти без разлика која форма ќе го има изјаснувањето на граѓаните.

Во Собранието на Република Македонија денеска е доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Претседателот на Собранието Талат Џафери најдоцна другата недела ќе ја закаже седницата за повторно гласање на законот за ратификација на договорот.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези