Влада: Немаме никаква поврзаност со анализите на ИФИМЕС

Од:

Владата вечерва соопшти дека ја оценува како несоодветна постапката вршителот на должноста амбасадор на нашата земја во Софија, Владимир Крстевски да биде повикан на разговор во бугарското Министерство за надворешни работи за ставови изразени oд трета страна, во анализа која никако не е поврзана со Владата, а е изготвена од Институтот за балкански и блискоисточни студии (ИФИМЕС) од Љубљана.

– Навистина, ИФИМЕС беше ангажиран како реномиран институт за советодавни услуги врз основа на анализите за политиките за превентивната дипломатија и градење мерки на доверба на регионално и глобално ниво, но нивниот договор со Владата на Република Северна Македонија заврши во 2019 година. Веќе две години овој институт нема никаков ангажман поврзан со работата на Владата, ниту било каков правно обврзувачки обврски со Владата и со Канцеларијата на претседателот на Владата. ИФИМЕС и пред 2019 година никогаш не бил ангажиран за анализи поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, се наведува во владиното соопштение.

Владата нагласува дека и понатаму останува посветена и отворена за интензивни разговори и за пријателски дијалог за што побргу да се дојде до решенија кои ќе поттикнат унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и низ заедничките основи да ја градиме нашата заедничка иднина во ЕУ.

– Очекуваме и иницираме пријателските манири и односи да се интензивираат од двете страни за да можеме час поскоро со Бугарија да кажеме дека “најдовме решение во кое нема поразени” и што поскоро заедно да се справуваме со предизвиците кои ги носи новото време, се нагласува во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Стоименов: Одржливи решенија за игрите на среќа, а не за гол популизам кој ќе ја втурне државата во хаос

Предраг Петровиќ

Апелација го осуди управителот на Алфа телевизија, Јани Бојаџи за вршење мобинг врз Анкица Стојановска Митровска

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор е од обвинителството на СДСМ и омилените обвинители на Венко

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

Обвинителството за Груби бара домашен притвор, ќе бил во опасност во Шутка

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Заврши распитот на Груби во Обвинителство, вечерва ќе биде изведен пред судија на претходна постапка

Предраг Петровиќ