Влада: Јавниот долг на крајот на 2018 година 48,5 отсто од БДП

Од:

Јавниот долг на државата на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра и претставува 48,5 отсто во однос на БДП, додека државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 посто во однос на БДП.

Ова, како што соопшти владината прес-служба, е наведено во Годишниот извештај Годишниот извештај за управување со јавниот долг на Република Северна Македонија за 2018 година што го усвои Владата на денешната седница и согласно член 27 од Законот за јавен долг треба да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

– Јавниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 5.202,2 милиони евра што претставува 48,5 отсто во однос на БДП. Државниот долг на Република Северна Македонија на крајот на 2018 година изнесува 4.344,4 милиони евра односно 40,5 отсто во однос на БДП. Со ова ниво на државен долг, Република Северна Македонија и понатаму останува умерено задолжена земја со државен долг кој е далеку понизок од просечното ниво на долг на земјите на ЕУ, кој на крајот на 2018 година изнесува 80,8 отсто, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Оттаму велат дека годишниот извештај за управувањето со јавниот долг има за цел поблиску и на редовна основа да ги информира Владата и Собранието на Република Северна Македонија и да ја запознае јавноста со карактеристиките на должничкото портфолио на Република Северна Македонија, како и со преземените мерки за негово ефикасно управување во текот на минатата година.

Би можело да ве интересира

Формиран Клуб на жени на Движење ЗНАМ, Александра Јелиќ избрана за претседател

Предраг Петровиќ

Едно лице осомничено за тешка кражба во Тетово

Политичка академија на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ: За една повеќе – вредности, лидерство и заедничка политичка агенда

Димитриевски: Ставот на ЗНАМ за правосудниот испит е непроменет, очекуваме лидерска средба во декември

Потпишан Меморандум за соработка и дониран  современ спектрофотометар за студентите при Тетовскиот универзитет

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство