Влада: Граѓаните со блокирани сметки ќе ја добијат финансиската помош од 6.000 денари

Од:

Ажурираната листа на корисници е објавена и поставени се сите категории на граѓани кои добиваат еднократна помош од 6.000 денари како мерка од 4-тиот пакет помош во време на пандемија со КОВИД-19. Во тек е процесот на обработка на приговорите. Граѓаните се упатуваат да ја проверуваат веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk на која се ажурираат податоците така како што пристигнуваат од институциите во зависност од категориите на граѓани за кои се надлежни.

Оние граѓани коишто се со блокирани сметки, согласно законот, се прераспределуваат во банка која има техничка можност да ги исплати средствата на засебна сметка.

Владата на Република Северна Македонија стори сé да ги ослободи граѓаните од административни процедури со цел средствата да стигнат до сите на кои им се потребни во најбрз можен рок, а средствата да може да се користат за она за што на граѓаните им се најпотребни.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски

Владата тврди дека над 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и трошоци

Жарко Настоски

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември

Ана Ололовска

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19

Ана Ололовска