Влада: Градинките да продолжат да згрижуваат деца, посебно ако имаат двајца вработени родители

Од:

Владата на денешната четврта седница го задолжи Министерството за труд и социјална политика да испрати писмено укажување до сите детски градинки да продолжат со упис и згрижување на деца, особено на оние деца чии двајца родители се во работен однос, без разлика дали работат од дома или одат на работа.

Воедно, беше препорачано Министерството за труд и социјална политика да укаже на детските градинки да стапат во контакт со родителите чии деца се запишани, а не се донесени за престој во детските градинки во овој период, за да може да се обезбеди престој и за други деца, доколку има место и за оние кои имаат потреба да ги згрижат децата иако работат од дома.

Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и државните институции, да ги разгледаат можностите и доколку постои слободен неискористен простор истиот да се намени за згрижување на деца од оние детски градинки од подрачјето на општината каде што ќе биде потребно.

Владата на денешната седница го прифати Предлогот за изменување на Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца и тоа: воспитните групи за деца до двегодишна возраст да имаат максимум по 12 деца и двајца вработени во смена.

Би можело да ве интересира

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Пет кандидати во трка за Државен јавен обвинител, пријавите доставени до Владата

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната, ако има енормно зголемување, ќе реагираме

Катерина Ѓуровски

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут