Владата ги осуди сите обиди за манипулација во јавноста за случајот Самарџиев

Од:

Македонската влада со соопштение информира дека и денеска нема потврда за наводното убиство во Грција.

„Со оглед на важноста и сериозноста на информациите во јавноста кои говореа за извесен случај Самарџиев, би сакале да информираме дека Владата сеуште нема потврда за таков настан.

Во меѓувреме, додека трае утврдувањето на информациите, сведоци сме и на повеќе контрадикторни изјави од поединци во двете држави, но исто така и на официјален демант од страна на грчката влада.

Владата на Република Македонија повикува на воздржаност и зрелост и чувствително и сериозно прашање. Владата ќе ја информира јавноста по официјален пат, доколку се дојде до потврдени информации“, се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција