Влада: Арсовска прво нека си ги плаќа ратите за автобусите кои ги набави Шилегов

Од:

На Скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а ова што го бара Арсовска е процес на набавка на автобуси што трае година до година и пол, велат од Владата во одговор на отвореното писмо што го испрати градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска до премиерот Христијан Мицкоски.

– Пред Данела Арсовска да нуди дека парите за нови автобуси ќе ги ставила на посебна сметка, прво нека си ги плаќа ратите за автобусите кои ги набави Шилегов, за да не и ги плаќа Владата како што плаќа досега. Второ, Данела Арсовска треба да ги исплати парите кон приватните превозници кои им ги должи, а со чие функционирање се пополнува празнината на ЈСП со градскиот сообраќај, велат од Владата.

Оттаму посочуваат дека Арсовска пред Владата и пред јавноста ветила дека ќе достави план за излез од состојбите во градот, а дека план нема.

– Арсовска бараше програмите да бидат изгласани. Ние тврдиме дека за успешен град Скопје не е клучно гласањето на програмите, туку ефикасен менаџмент. Програмите се изгласани, а Арсовска сега смислува ново алиби за својата неуспешност, се вели во одговорот од Владата.

Во четвртокот, градоначалничката на Град Скопје испрати отворено писмо до Владата во кое ја повика Владата да ја спроведе набавката на новите автобуси, а доколку немаат средства за таа намена, како што наведе, со одлука на Советот на Град Скопје, ќе ги префрлат потребните средства за набавката.

Од понеделник, и приватните превозници најавуваат дека ќе возат само еднаш наутро и дека ќе биде пуштен еден автобус на една линија. Бараат исплата на долгот кон нив и зголемување на цената за превоз, која како што велат, е ниска и е од 2017 година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски