Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.798 дози вакцини, од кои 745 се аплицирани како прва доза, 1.999 се ревакцинирани, а 54 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 7 октомври вкупно се вакцинирани 793.987 граѓани, ревакцинирани се 745.415, а трета доза примиле 625 граѓани. 53% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 44% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, се вели во соопштението на Министерството за здравство.