Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со 600.000 евра преку Програмата за рурален развој ќе ги поддржи четирите високо-образовни институции: Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, Факултетот за прехранбена технологија и храна во Тетово и Технолошко-техничкиот факултет во Велес.

Средствата се наменети за опремување на лаборатории, за безбедноста на храна, за опрема за откривање тешки метали во храна, како и за обезбедување демонстративна опрема за студентите.

-Сите му се поклонуваат на царот, а царот му се поклонува на учителот, беше симболичната порака што ја упати министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа пред потпишувањето на меморандумите за соработка преку кои ќе се реализира финансиската поддршка за четирите факултети.

Поддршката, нагласи, е дологорчна инвестиција во развој на агросекторот и обезбедување квалитетно, безбедно и богато производство.

-Ова е првиот изграден мост на соработка меѓу Министерството и научно-образовани институции. По неколку децении, денеска ќе го обновивме партнерсткиот однос со нив. Во Програмата за рурален развој има јасна перцепција за значењето на научните достигнувања и нивната примена во развој на агро секторот. При креирањето на оваа мерка се водевме од потребите за градење одржлив систем за производство и безбедност на храна, вклучувајќи ги заложбите за научна поддршка и професионална експертиза. Крајна цел е исполнување на европските стандарди во системите за контрола, квалитетот, здравјето и безбедноста на храната, напомена Хоџа.

Клучно е, потенцира Хоџа, знаењето да стигне до секој земјоделец во државата. Сите земји со развиен агро сектор го должат тој развој на науката и истражувањето како основна алатка за напредокот и благосостојбата на производителите.

-Целиме кон ЕУ, а патот до таму води преку едукација и соработка на сите нивоа меѓу научната фела, институциите и земјдоелците, подвлече министерот.

Потписниците на меморандумите истакнаа дека поддршката од Министерството ќе ја искористат за нови научно-истражувачки проекти, но и за иницирање соработка со свои колеги на глобално и регионално ниво. Се планира размена на кадар и искуства. Според факултетите, добрата производна пракса и имплеменирањето на меѓународните стандарди се основа за квалитетно и конкурентно проиводство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Хоџа: Наскоро нови униформи за Шумската полиција

Ана Ололовска