Вкупно 199 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Од:

Во засилени акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на Град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги чинат пешаците, 37 за непрописно паркирање.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози