(ВИДЕО) Витановски и Гешовски: Лустрацијата е селективна и тенденциозна

Од:

Јанаќе Витановски и Благоја Гешоски,поднесоа оставки од членството во Комисијата за верификација на фактите.

Лустрацијата оди во погрешна насока и ја промашила целта, велат Витановски и Гешоски.

„Лустрација во Република Македонија, оди во погрешна насока и целосно ја промаши својата цел. Основните наши забелешки во минатиот период беа, тенденциозност, селективност, а комисијата спротивно на законот речиси година и пол ја води претседателот Томе Аџиев, со истечен мандат. Со вакво работење, комисијата се претвори во инструмент на власта, кој истата го користи за јавно жигосување и пресметка со неистомислениците. Ова само ги потврди нашите, но и тврдењата на голем број меѓународни експерти, интелектуалци и други видни личности и познавачи на лустрацискиот процес. Токму сите можности за злоупотреби, кои според појавените извадоци од заклучоците на Венецијанската комисијата во јавноста ги нуди овој закон, првиот лустратор Аџиев во континуитет ги користеше“, изјави Витановски.

Витановски и Гешоски во Комисијата беа предложени од СДСМ.

И Чедомир Дамјановски, член на комисијата по предлог на опозициската ЛДП, за А1 он изјави дека размислува за својот потег, но набргу ќе ја извести јавноста.

Томе Аџиев, претседателот на Комисијата за лустрација, вели дека оставките се очекувани и дека комисијата ќе продолжи да работи бидејќи има кворум за работа и има легитимитет.

„Таа не е политичко тело за да има политички легитимитет. Таа е тело на собранието, кое работи врз основа на документи што ги собира и ги следи“, изјави Аџиев.

И Законот и процесот на лустрација се остро критикувани од Венецијанската комисија.

Мислењето е изготвено по барање на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска