Јанаќе Витановски и Благоја Гешоски, дознава А1он денеска ќе дадат оставка од Комисијата за верификација на факти.
Тие во Комисијата дојдоа како кандидати на СДСМ, и сега ја почитуваат одлуката на партиските тела да си заминат, бидејќи според СДСМ, Комисијата и процесот на лустрација се претвори во инквизиција и служи за пресметка со партиските неистомисленици.
Третиот член, кој влезе како предлог на ЛДП, Чедомир Дамјановски размислува за својот потег.
Дамјановски за А1 он изјави дека се уште ја нема донесено конечната одлука, но тоа ќе го соопшти деновиве.
СДСМ најави дека ќе поднесе и кривична пријава за претседателот на Комисијата, Томе Аџиев.