„Вистинскиот маж не удира жена“ – лажна кампања на ДПМНЕ

Од:

„Се обраќаме до Вас со цел подетално да ве запознаеме со немилите и непосакувани настани кои се случија при незаконското носење на Буџетот на Република Македонија на 24.12.2012 година во Собранието на Република Македонија.

– Целата македонска и светска јавност беше сведок на прекршување на Уставот, законите и Деловникот како и на грубиот атак врз највисоката институција – Законодавниот дом, со што во целост се суспендира демократијата во нашата земја.

– Грубото исфрлање на акредитираните новинари, кои ја следат работата на Собранието, беше со цел од  очите на јавноста да биде скриено невиденото насилство врз пратениците од опозицијата во режија на претседателот на Собранието.

– Без сомнение ќе успееја во намерите, доколку на јавноста не и беа презентирани приватните аматерски снимки од некои пратеници. Од овие снимки јасно може да се види како со употреба на сила, влечење, удирање и туркање беа исфрлени од Собранието народните избраници на кои им дадоа легитимитет 370 000 граѓани на нашата земја.

– Што е уште позагрижувачки, лажните промотори на кампањата „Вистински маж не удира жена“ од бруталниот нечовечки однос не ги поштедија ниту пратеничките од опозицијата при што некои од нив завршија во болница. За жал, сето ова се одвиваше пред министерката за внатрешни работи и пратеничките од позицијата.

– Посебно сакаме да го истакнеме недоличното однесување на претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите која се обиде да го оневозможи снимањето на насилието над пратениците и на тој начин да го скрие од очите на јавноста.

– Ваквите настани не само што ја згрозија јавноста, туку нa Република Македонија, која важеше за лидер во промовирање на еднакви можности меѓу жените и мажите во регионот, и нанесоа непроценлива штета“, се вели во соопштението на партиските организации на жени на Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски