Вистинска драма во Гостивар – пукање, искршен автомобил и еден повреден

Од:

Вистинска драма се одвивала вчера во Гостивар. Две лица биле нападнати од поголема група насилници кои пукале кон нив и им го искршиле автомобилот.

Како што соопшти МВР, инцидентот се случил околу 01,30 часот во Гостивар. На ул.„18-ти Ноември“ бб, додека Ј.И.(1990) од Гостивар, го управувал своето ПМВ „Ауди 80“, а како сопатник во истото бил А.Џ.(1988) од Гостивар, и пристигнал пред неговиот дом на горе наведената улица, им се приближиле три возила со гостиварски регистарски таблици (непознат број) и кога двајцата излегле од возилото, едно од возилата се упатило кон А.Џ. и со предниот браник го удрило во пределот на десната нога. А.Џ. упеал да се качи на тротоарот и се упатил кон куќата на Ј.И.

Во меѓувреме, додека Ј.И. Се приближувал кон влезот на неговата куќа, едно лице му се приближило, по што извадило огнено оружје-пиштол и го вперило кон него. Тогаш Ј.И. ја затворил вратата од дворното место, со која го удрил лицето во пределот на раката.

Лицето се повлекло кон улицата и испукало неколку куршуми кон Ј.И., но не го погодило. Останатите 6-8 лица почнале да го кршат возилото на Ј.И. со дрвени палки и бекатонски плочки, при што ја искршиле предната и задната шофершајбна, како и предните и задните стакла, а потоа го напуштиле лице местото.

А.Џ. е пренесен во МЦ-Гостивар, каде му е констатирана телесна повреда и е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила екипа од ПС-Гостивар, при што е пронајдена една чаура, која ќе биде доставена за вештачење. ПС-Гостивар превзема мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски