„Вистини за дискус херниите низ приказни од животот“ од проф. д-р Миодраг Врчаковски

Од:

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Вистини за дискус херниите низ приказни од животот“ од проф. д-р Миодраг Врчаковски.

-На страниците од своето најново и најамбициозно научно дело, познатиот универзитетски професор и потврден специјалист во оваа област ги синтетизирал своите повеќедецениски согледувања, кои ќе предизвикаат широк интерес кај следбениците на оваа проблематика. Триесет и седумте текстови во оваа книга се илустрирани со фотографии, кои авторот ги направил за време на неговата долгогодишна лекарска практика, соопшти издавачот.

Миодраг Врчаковски е автор на богат научен опус, високо вреднуван и цитиран во бројни публикации, објавувани во нашата земја и во странство. Неговите дела „Магнетна резонaнца на централниот нервен систем со примена на контрасни средства“ , „Магнетна резонанца, подарок од боговите“, „Тајните на хипофизата“ и „Моќта на протоните“ имаат широка и меѓународна едукативна примена.

Би можело да ве интересира

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски