„Вистината за ДУИ“: По 5 илјади евра месечно повеќе му се исплаќале на приватниот партнер за зонско паркирање во Гостивар

Од:

Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“, денеска прес-конференција одржа портпаролот на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило”, Расим Абдул, при што информираше за спорниот договор склучен во минатиот мандат, со приватниот партнер за зонско паркирање.

„Како што информиравме на минатата прес-конференција во рамките на кампањата “Вистината за ДУИ ЗА неправилностите кои ги воочивме во ова претпријатие, денес ќе го одвоиме склучениот договор за зонско паркирање помеѓу нашето претпријатие и приватниот партнер “Дуна Компјутерс” од Скопје. Сметаме дека процентот наменет за приватниот партнер бил превисок, а исто така имало и други престапи. Всушност, според договорот предвидени се 38% за горенаведената компанија и 62% за јавното претпријатие. Процентот бил предвиден во нето, додека цело време исплатата била направена во бруто. Значи, јавното претпријатие е оштетено просечно по 300.000 денари, или пет илјади евра месечно”, изјави Абдули.

Тој искористи прилика да ги информира граѓаните на Гостивар, дека поради овие злоупотреби, од вчера договорот со приватниот партнер е раскинат,в и дека паркирањето ќе биде слободно во неопределено време.

„Ги разгледуваме сите можности, се надеваме на што подобро решение и сигурно ќе ве информираме во наредните денови за конечното решение”, изјави портпаролот на компанијата, Абдул Расим.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче