„Вистината за ДУИ”: Бејта издавал решенија за легализација без потпис на шефот на урбанизам

Од:

На денешната прес-конференција во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ”, портпаролот на општина Гостивар, Јасин Демири, преку службени документи обелодени случаи на флагрантни прекршоци во сферата на урбанизмот од страна на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.

„Како прво, ве потсетуваме дека кога Невзат Бејта беше министер за локална власт во 2011 година, на владин состанок тој побара да му се одземат надлежностите во сферата на урбанизмот на Општина Гостивар кога со неа раководеше Руфи Османи. Тогашната влада ВМРО-ДУИ истото и го направи на 29 јануари 2012 година, токму во времето кога во сила беа два паралелни закони, односно Законот за градење и Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Во тоа време, инспекторите евидентираа 52 објекти во изградба, без соодветна документација, а истите објекти до ден денес имаат проблеми со решавање на правниот статус. Односно за сите овие објекти беа составени Записници и Решенија за рушење и се евидентираат како дивоградби кои треба да се рушат, што подразбира дека не можат ниту да се легализираат, ниту за нив да се издаде градежна дозвола“, објасни Демири.

„Но, за “гостиварскиот газда, законите не важат” и тој, значи Невзат Бејта, кога биле во прашање негови лични интереси, најверојатно за материјални придобивки, бил во состојба да ги супримира законите и да ги занемари соодветните служби, па самиот-лично потпишувал решенија за легализација на дивоградбите“, рече Демири.

Тој, на новинарите им ги достави во увид и решенијата во кои отсуствува потписот на раководителот на Секторот за урбанизам, што јасно укажува дека истиот, барем во овој случај, не сакал да стане дел од криминалот.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ