Високото ниво на Охридското Езеро ги загрозува крајбрежните објекти

Од:

Неповолните временски состојби проследени со интензивини вренежи од дожд во изминатите денови ја усложнуваат вкупната хидролошка состојба на водотеците на реките од сливот, како и на самото Охридско Езеро. Вчера наврнатите 32 литри дожд на метар квадратен во охридскиот регион резултираа со покачување на нивото на реките од сливот, кои на критичните места се излеаа од своите корита.

Нивото на Охридското Езеро се наоѓа на 694 метри надморска височина, што е 25 сантиметри над максимално дозволената кота. Високиот водостој веќе предизвикува проблеми во населбите на самото крајбрежје, особено во првиот ред од станбените објекти каде веќе се регистрирани поплавувувања на подземни простории.

Надојденото езеро веќе проголта дел од плажите на источното крајбрежје. Водата не може да ја прими ниту канализациската мрежа, така што на многу места има прелевање на шахтите. Тоа предизвикува големи проблеми во функционирањето на Колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, кој во такви услови нема капацитет да ги прими канализациските и атмосферските води.

Кога се работи за водотоците, проблеми се регистрирани на оние критични точки каде секогаш при зголемен водостој се јавува излевање на реките од своите корита. Регистрирано е излевање на Голема река од коритото во месноста Средорече, на потегот меѓу селата Велмеј и Белчишта во општината Дебрца. Под вода се дворови, обработливи површини, а наместа водата е надојдена до пред самите станбени објекти.

Иако со подобрувањето на денешните временски прилики не се забележува раст на водостојот на реките, неповолните временски прогнози за наредните денови дополнително ќе ја усложнат и веќе неповолната хидролошка состојба во регионот. Доколку и нема врнежи наредните денови, ситуацијата со водостојот на Охридското Езеро и натаму останува неповолна оттаму што тоа ги акумулира сите водотоци од регионот така што неговото ниво и натаму ќе расте.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски