Во А1 повторно се јавија и се пожалија загрижени и револтирани граѓани на Крива паланка.
Тие ни пишуваат дека вмровскиот функционер од Крива Паланка, досегашен раководител на подрачната единица на Агенцијата за Вработување, со иницијали М.А, за кој А1 пишуваше, по нивно јавување, пред неколку дена, дека изврши напад на жена и дете со секира во село Луке, Кривопаланечко, го повторил делото.
Сега според кривопаланчани, го нападнал својот брат со остар предмет од кој се онесвестил и завршил во болница.
Напаѓачот мислејки дека извршил убиство сам се пријавил во полициската станица во Крива Паланка каде со него е извршен информативен разговор и му е поднесена соодветна кривична пријава.