Високи претставници на ЕУ и амбасадори на прием во македонската мисија во Брисел

Од:

Голем број високи претставници на Европската унија и амбасадори од земјите-членки на Унијата присуствуваа на приемот што амбасадорот Андреј Лепавцов синоќа го организираше по повод Денот на самостојноста на Република Македонија во македонската Мисија при ЕУ.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, околу стотина угледни гости се појавија на прославата во нашата Мисија при ЕУ, меѓу кои најзабележителни и во најдобро расположение беа бугарскиот амбасадор при Унијата, Димитар Цанчев и неговите колеги од Словенија (Генорио Радо), Италија (Стефано Санино), Турција (Селим Јенел), Хрватска (Шкрабало) и Косово (Илир Дуголи).

Во традиционалната македонска кујна и убавото вино од македонските лозја, покрај амбасадорите и угледни македонски државјани што живеат и работат во европската престолнина, уживаа и в.д. директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Јост Корте, како и првиот човек во овој сектор задолжен за Македонија, Дејвид Кулен. А, она што е интересно е и дека голем број на новинари-дописници на медиумски куќи од речиси цела Европа исто така беа дел од овој настан.

Со оглед на посетеноста и дигнитетот на гостите, општ впечаток беше дека македонската прослава беше една од најдоброорганизираните и најдобропосетените оваа година во Брисел.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран

„Фајненшл тајмс“: ЕУ подготвува одмазда против САД

Европските „осум“ моќни држави ѝ порачаа на Америка: Вашите закани би можеле да доведат до опасна ескалација

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд