Високи казни за правните субјекти на Охридско-струшката ривиера кои нудат риба без документи за потекло

Од:

Инспектори од Одделението за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултура при Државниот инспекторат за земјоделство, на почетокот на овој месец спроведе интензивирани контроли во угостителските објекти, рибарници и други овластени субјекти што вршат промет на риба на Охридско–струшката ривиера.

Притоа  констатирано е дека некои од правните субјекти не поседувале документи за потеклото на рибата, односно била набавена и пуштена во промет од рибокрадци и преку нелегални трговци. Во рамки на акцијата спроведена на 1-ви овој месец биле одземени и отстранети од промет околу 30 килограми охридска белвица и пастрмка, а на правните субјекти што поседувале и набавувале риба без документ за потеклото им се изречени парични казни во износ од по 3.500 евра.

Во текот на вчерашниот ден во заедничка акција на полицијата и Државниоот инспекторат за земјоделство бил спречен албански државјанин во обид да прошверцува риба за соседна Албанија. Притоа  биле запленети и одземени околу 30 килограми охридска белвица и крап.

Државниот инспекторат за земјоделство, односно Одделението за инспекциски надзор од областа на рибарството и аквакултурата со седиште во Охрид ги потсетува угостителските објекти и рибарниците, како и сите чинители што се овластени да вршат промет на риба на нужноста од почитување на Законот за рибарство и аквакултура, конкретно одредбите што се однесуваат на  неопходноста од поседување придружни документи за потеклото на рибата наменета за промет, како и на почитување на Правилникот за квалитет, големина, тежина и начин на декларирање на рибата наменета за промет

Би можело да ве интересира

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Двајца струмичани отидоа на риболов во Грција и исчезнаа

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата