ВИДЕО: Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Од:

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од бројот на гласачи во избирачкото место. Од шест приговори, гласањето е поништено на три избирачки места, две во Кавадарци и едно во Куманово.

ДИК исто така донесе и одлука да гк разреши избирачките одбори на овие места.

– Направени се обуки кои траеа цел месец, но очигледно не се почитуваат процедурите и не се работи професионално. Апелирам избирачките одбори повеќе да внимаваат, изјави членот на ДИК, Јанаќе Витановски.

Сите членови на Комисијата се согласија дека вината не е во целите избирачки одбори туку во поединци, но сепак ќе се бара одговорност и разрешување на целиот одбор кој бил на смена на денот на гласањето во посочените избирачки места.

На денешната седница се разгледуваат 14 приговори, сите поднесени од изборниот штаб на Гордана Сиљановска Давкова.

Имаше приговор за избирачко место во Берово каде гласало болно и изнемоштено лице, но не било пријавено на списокот и приговор за избирачко место во Боговиње каде 29 гласачки ливчиња биле откинати со дел од кочанот што го содржи серискиот број, но овие приговори беа одбиени.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски