(ВИДЕО) Вишка: Обвинителот Јовески не е реформа во македонското правосудство

Од:

„Протестираме за трулата правда во Република Македонија, срамно е пред наши очи органите на правдата да го преквалификуваат случајот од убиство во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“, но ние нема тоа да го дозволиме. Правда за Алмир мора да има“, порача актерот Висар Вишка на денешниот протест за смртта на Алмир.

Тој најави дека граѓаните ќе поднесат кривина пријава против обвинителката Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, поради, како што рече, намерно неизнесување на фактите и злоупотреба на функцијата. А одговорнсот ќе се бара и од неврохирурзите Бранислав Стојковски и Зора Бабиновска за вршење противзаконско вештачење, истакна Вишка.

„Бобан Илиќ изврши убиство. Обвинението треба да гласи според доказите, а не според нечии интереси“, рече Вишка.

На протестот граѓаните побараа одговорност од премеирот Зоран Заев и неговата влада, разрешување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, како и разрешување и одговорност на судијката Маја Денковска, која според Вишка, не ги прифатила клучните докази за случајот.

„Разрешување мора да има и за сите јавни обвинители меѓу кои и Љубомир Јовески. Јовески не е реформа во македонското правосудство“, рече Вишка.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Виновникот за смртта на малиот Алмир мора веднаш во затвор, нема одлагање на казната

Жарко Настоски

Протест за случајот Алмир пред кумановскиот Основен суд

Бобан Илиќ во притвор по барање на обвинителството

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Алиспагиќ: Шест години не се доволно за монструозен убиец како Илиќ, ќе поднесеме жалба на пресудата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест години затворска казна за Бобан Илиќ кој го усмрти Алмир

Виктор Јованов

Кумановскиот суд денеска ќе изрече пресуда за смртта на Алмир

Ана Ололовска