Виртуелната изложба „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се обрати на виртуалената изложба „50 години Франкофонија – поглед од Северна Македонија“ со која Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија го одбележува големиот јубилеј – 50 годишнината од втемелувањето на Франкофонијата.

– Изложбата преку автентични фотографии од архивата на Министерството, Францускиот Институт од Скопје и други институции и приватни лица, ја прикажува франкофонската традиција на нашата земја, местото и улогата на францускиот јазик во нашето општество, како и културната франкофонска размена која се надоврзува на мултикултурната и мултилингвистичка традиција и реалност на нашата земја, истакна Османи, додавајќи дека преку прикажаните фотографии може да се следи патот на Република Северна Македонија кон Франкофонијата.

Тој потсети дека оваа изложба требаше да биде отворена во холот на Министерството за надворешни работи во март 2020 година, како дел од одбележувањата на 50-годишнината од Франкофонијата, но епидемиолошката состојба со пандемијата на Ковид-19 беше пречка за реализација на таа идеја.

– Сепак со истиот ентузијазам, гордост и заложби за иднината, ја претставуваме изложбата виртуелно, со надеж дека ќе може да организираме и нејзино физичко поставување во март 2021 година за Деновите на Франкофонијата, истакна Османи.

Изложбата виртуелно е поставена токму на Меѓународниот ден на професори по француски јазик, 26 ноември.

– Честитајќи им го денот, изразувам голема почит за нивната благородна мисија во ширењето на јазикот на Молиер во нашата земја. Оваа изложба им е посветена ним, но и на сите пријатели на францускиот јазик и на Франкофонијата, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски

МНР: Има доволно патни листови во дипломатско-конзуларните претставништва, издавањето е без надомест

Горан Наумовски

30 евра чини патниот лист за граѓаните со неважечки пасош кои треба да се вратат во Македонија

Орце Костов

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

Орце Костов