Виртуелна библиотека со закони од националната легислатива

Од:

Јавното претпријатие „Службен весник на РМ“ најавува дека идната година ќе воведе нова услуга наречена „виртуелна библиотека – е-книга“ преку која ќе може да се чита кој било закон од националната легислатива.

– Сите изданија, а особено пречистените редакциски текстови на закони и закони со коментари од еминентни автори, ќе бидат достапни во форма на е-книга и ќе може да се читаат преку личните компјутери или таблетите со помош на е-читач (e-rider) апликацијата или преку други електронски уреди, соопшти денеска ЈП „Службен весник“.

Виртуелната библиотека, односно понудата на е-изданијата во неа, како нова форма на соопштување и споделување на новините во законската регулатива на Република Македонија, според ЈП „Службен весник“, ќе овозможи за многу кусо време да се изработи текстот и да биде достапен до потенцијалните корисници како е-книга.

– Можноста за користењето на оваа услуга ќе ја има секој член на Интернет-заедницата, а оваа предност, заедно со податокот дека се избегнува и фазата за печатење на книгите, ќе значи и услуга со минимален надомест, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза