Виница: Се обидел да си го убие синот со секира

Од:

Вчера околу 15:30 часот, во Виница во семејната куќа, откако В.Д. (18) дошол од работа и влегол во кујната, по кратка расправија со неговиот татко Љ.Д. (55), со кујнски нож тргнал и замавнал кон В.Д., но бил спречен  од сопругата.

Потоа Љ.Д. зел секира со која замавнал кон В.Д., но не го погодил, а сопругата повторно, успеала да му ја земе секирата.

Љ.Д. уште еднаш се обидел да го нападне В.Д., овој пат со огревно дрво, но повторно не успеал.

Извршен е увид на лице место, а над Љ.Д. било  извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на алкохол во крвта од 1,92 промили.

Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска