34-годишниот Орце Ѓорѓиев, во вторникот околу три часот наутро во својот дом, на улица „Борис Кидрич“, се обидел три пати да се самоубие.
Најпрвин си ги исекол вените со жилет, но не успеал, потоа се удрил со тап предмет по челото, но повторно не успеал. Третиот обид, да се обеси со електричен кабел повторно бил неуспешен.
И по три обиди тој не се откажал, зел пластично црево за вода и се обесил.
Извршен е увид на лице место, и по наредба на истражен судија телото е предадено на семејството.