Британскиот Дом на лордови: Македонија да стане членка на НАТО и без решавање на спорот за името

Од:

Велика Британија ќе биде организаторот на овогодишниот Самит на Западен Балкан, а грчкиот весник „То Вима“ пишува дека Лондон ќе се обиде да го наметне своето влијание на регионот и ќе инсистира на членство на Македонија во НАТО и без решавање на спорот за името.

Според извештај подготвен од Домот на лордови, британската влада ќе настојува за примање на Македонија во НАТО и без решавање на прашањето за името.

– Владата треба да ги поддржи мерките за да ѝ помогне на Македонија да влезе во НАТО, со или без решавање на проблемот за името, се наведува во извештајот.

Овој извештај бил подготвен од страна на Комитетот за меѓународни односи, назначен од Домот на лордовите за да ги истражува британските меѓународни односи.

– Членството во НАТО и соработката го гарантираат мирот и стабилноста на регионот. Се согласуваме со поддршката на владата за членство во НАТО на Македонија и Босна и Херцеговина. Доколку тие ги исполнуваат основните барања за членството, нивната интеграција во НАТО ќе биде чекор кон поголема стабилност во регионот.

Во извештајот се цитира и британската премиерка Тереза Меј која на 17 јанари изјави дека Западниот Балкан е регионот каде што британската влада играла и ќе продолжи да игра активна улога во промоција на просперитетот, стабилноста и безбедноста.

– Поддршката за влез во НАТО во Македонија е голема (и членството во НАТО е поважен приоритет од членството во ЕУ). Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека 70 отсто од популацијата се за членство. Тој истакна дека доколку Македонија стане членка на НАТО тоа ќе докаже дека земјата ќе остане во границите кои што ги има, се наведува во текстот на извештајот.

Потоа се додава дека блокадата на Грција е пречка кон целосно членство на земјата во НАТО и нивното противење за името.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија и се заканува на Велика Британија

Хеликоптер се урна во близина на куќи на грчки остров – загина пилотот и сите петмина патници

А1он

ВИДЕО: Две жртви во пожар на грчкиот остров Саламина, евакуирани стотици жители и туристи

ВИДЕО: Мадона со хеликоптери пристигна во манастирот на Метеори, барала духовни совети

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ

Девојчето кое го загуби семејството на Халкидики по борба повеќе од еден месец се враќа дома

Предраг Петровиќ