Викендов во Скопје 33 сообраќајки, повредени 23 лица

Од:

Дваесет и три лица се повредени во 33 евидентирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје.  Во две несреќи со тешки и со полесни телесни повреди се здобиле четворица возачи, во 17 полесно се повредени 19 лица, а  во 14 е причинета материјална штета.

Во петокот е извршен увид на осум сообраќајни незгоди. Во една од нив со тешки телесни повреди се здобил еден пешак, во шест полесно се  повредени шест лица, а во една е причинета материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на 15 сообраќајни незгоди. Во една од нив, двајца возачи се здобиле со повреди, едниот со тешки, а другиот со полесни телесни повреди. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле девет лица, а осум незгоди се со материјална штета.

Вчера е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои во една со тешки и полесни телесни повреди се здобиле двајца возачи, во пет со полесни повреди се здобиле четири лица, а пет се со причинета материјална штета.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција, санкционирала шест возачи кои се движеле со возилото со поголема брзина од дозволената, како и шест  кои возеле под дејство на алкохол. Санционирани се и тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и 15 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 45 непрописно паркирани возила

Со помош на специјалното возило „Пајак“, во текот на овие три дена отстранети се 68 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање, како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ