Викендов привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“

Од:

Поради изведување градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација, утре и задутре ќе се воведе привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов”, информираат од Град Скопје.

Привремениот режим ќе се однесува на делот од булеварот на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“ и ќе важи во периодот од 07 до 22 часот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози