Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје

Од:

Поради одржување на јавен собир во текот на претстојниот викенд во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.

Како што информира МВР, во сабота од 13,30 часот на потегот од улицата „Кирил и Методиј“ пред канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „11-ти Октомври“, „Даме Груев“ како и други споредни улици .

Во недела, во времето од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата “Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози