Викендов посебен режим на сообраќајот на бул.„Партизански Одреди“

Од:

На булеварот „Партизански Одреди“ утре и задутре, во раните утрински часови, ќе се изведуваат градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“, информираат од МВР.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие сообраќајници при што сообраќајот по бул.„Партизански Одреди“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по ул.„Љубљанска“ кон бул.„Илинден“ и десно по ул.„Московска“ кон ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, а сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по ул.„Бледски Договор“ кон бул.„Илинден“ и лево по ул.„Париска“ кон ул.„Прашка“.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози