Викендов беа избрани најдобрите дебатери почетници

Од:

Од 9 до 11 март 2018, Младински образовен форум го организираше Националното дебатно првенство за почетници на кое се натпреваруваа стотина дебатери од Скопје, Велес, Тетово, Прилеп, Струга и Куманово. Првенството се одржа во ООУ “Јохан Хајнрих – Песталоци”, а финалната дебата на која се натпреваруваа најдобрите дебатни тимови се одржа во Големата сала на Советот на Град Скопје.
Победници на овој турнир беа дебатерките: Калина Михајловска, Христина Цветановска и Бисера Шегмановиќ, кои доаѓаат од училиштата Никола Карев, Јосип Броз – Тито и Васил Антевски – Дрен.

Второто место го освоија дебатерките Антонија Димитровска, Јелена Сиљаноска и Ана Бојаџиевска. За најдобра индивидуална говорничка беше избрана Христина Цветановска, втора говорничка беше Марија Јанева, а третото говорничко место го освои Ана Маркоска.

Главната теза на која дебатираа средношколците во World Schools дебатниот формат, презентирајќи аргументи за одбрана и побивање на тезата беше: „Овој Дом Верува Дека важни здравствени одлуки за децата треба да се носат од медицински професионалци наместо од нивните родители.“
На турнириот се дебатираше и на уште две импромпту тези (тези кои не се однапред најавени):
„Овој Дом жали за подемот на Фејсбук“ и „Овој Дом би вовел задолжително тестирање за родителство“.

Националното дебатно првенство за почетници дебатери имаше за цел да обезбеди натпревар базиран на организирана и аргуметирана дискусија, за дебатерите кои оваа година за прв пат посетуваат предавања по дебата. Во овие неколку денови младите средношколци ги предизвикаа сопствените ставови и дискутираа за квалитетот на здравството, улогата на фармацевските компании и родителите во животот на младите и начините како да се подобри состојбата на повеќе нивоа, почнувајки од самите млади до институционални механизми достапни на државата. Преку истражување, аргументирано изразување и тимска работа, средношколците кои се почетници дебатери ги продлабочија своите знаења.

Националното дебатно првенство за почетници е организирано од МОФ. Првенството беше поддржанo од програмата Civica Mobilitas реализирана од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), а организирано со поддршка од Магрони и Нескафе, и во соработка со Општина Центар и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Цената на дипломите на Правен факултет покачена за 50 евра

Искра Манојлоска

МОФ бара итно информирање на учениците за матурските испити, и дополнителен термин за полагање

Ана Ололовска

Советодавен сервис за права на млади – платформа за младинско информирање

Ана Ололовска

МОФ загрижен за квалификациските тестирања во средните училишта

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентските домови имаат буџет од 3,5 милиони евра, а студентите јадат по една банана месечно

Искра Манојлоска

Истражување: Студентските трошоци приближно колку месечна македонска плата

Ана Ололовска