Викендов автобусите од линиите 22, 22А и 64А ќе сообраќаат по изменет режим во реонот на улица „Лука Геров“

Од:

Поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров“ во населба Даме Груев, утре од 8 часот до понеделник до 6 часот возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“, како што посочуваат од Од ЈСП – Скопје, ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока од Никиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров“ со улица „Тиранска“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска“, па десно по улица „Шар планина“, потоа десно по улица „Лепенец“ и пред надвозникот ќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар, се вели во соопштението од ЈСП – Скопје.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава