Викендот во Скопје во 43 сообраќајки, 22 повредени, една жртва

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 43 сообраќајна незгода.

Во петокот, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно 18 сообраќајни незгоди. Од нив, 11 се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и четворица пешаци.

Се случила и една сообраќајна незгода во која едно лице го загуби животот. Сообраќајката се случила во 23 часот и 30 минути на крстосницата од ул. „11 Октомври“, ул. „Борис Трајковски“ и ул. „Јужен булевар“ во која учествувале патничко моторно возило „лада“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и патничко моторно возило „форд транзит“ со национална ознака на Република Србија, управувано од граѓанин на истата држава. Во незгодата возачот на патничкото моторно возило „лада“ им подлегнал на повредите на лице место, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило и истиот со возило на Брза помош бил пренесено во Ургентниот центар каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување, а со телесни повреди се здобиле возачот и тројца сопатници од патничкото моторно возило „форд транзит“.

На 5 декември, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно осум сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и  две се со последица телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден, извршен е увид на вкупно 17 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и еден пешак.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда, во кои со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници и еден возач на патничко моторно возило, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило.

Во „Метрополис арената“ вечерва во 20 часот ќе се одржи музички фестивал „Таксират“. Во оваа прилика од сообраќајната полиција апелираат граѓаните возачи кои имаат намера да дојдат на музичкиот фестивал да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, знаците и наредбите што ќе им бидат давани од страна на униформираните полициски службеници, а возилата да ги паркираат на дозволените паркинг простори.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава