Викендот во Скопје санкционирани 475 учесници во сообраќајот

Од:

СВР Скопје изминатиот викенд спроведе зајакнати контроли на подрачјето на Град Скопје, при што од страна на сообраќајната полиција санкционирани се вкупно 475 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

МВР денеска соопшти дека кај 99 возачи е утврдено оти управувале возила под дејство на алкохол, 48 лица управувале возило без положен возачки испит, потоа 52 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола.

Кај 11 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, 29 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, изречени се 20 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 14 прекршоци за зборување на мобилен телефон, за недавање на првенство на минување на пешаци изречени се 5 прекршоци. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 9  прекршоци, за непрописно престигнување изречени се 3 прекршоци, кај 9 возила е утврдена техничка неисправност  и со пајак возило подигнати се вкупно 64 возила.

СВР Скопје и понатаму ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли по однос на прекршоци кои доведуваат до сообраќајни незгоди и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди и зачувување на безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава