Викендот во Скопје 30 сообраќајки, повредени 19 лица

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачејто на СВР- Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди, во кои се повредени 19 лица.

Во петокот на 18 ноември, сообраќајната полиција извршила увид на 13 сообраќајни незгоди, во кои со телесни повреди се здобиле пет лица.

Вкупно 11 сообраќајки се случиле во саботата на 19 ноември, во кои полесно се повредени шест лица.

Од страна на СВР – Скопје вчера е извршен увид на вкупно шест сообраќајни незгоди, во кои осум лица се здобиле со повреди.

Во текот на изминатите три дена од страна на СВР – Скопје откриени се поголем број прекршоци. Петнаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафорот, 56 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а 53 биле непрописно паркирани возила.

Како што информираат за МИА од СВР – Скопје, санкционирани се и тројца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети се 104 возила.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он