Викендот санкционирани 398 учесници во сообраќајот на подрачјето на Скопје

Од:

Во текот на минатиот викенд во рамки на редовните акциски контроли, со цел зголемување на безбедноста на патиштата, на подрачјето на Град Скопје, од страна на сообраќајната полиција санкционирани се 398 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Кај 50 возачи, соопшти денеска МВР, е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, потоа 40 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 17 возачи, а кај 15 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло. Исто така, 12 возачи управувале возила со над дозволената брзина, исто толку возачи  управувале возило со над 90 километри на час во населено место, а изречени се седум прекршоци за некористење на сигурносен појас, 20 прекршоци за зборување на мобилен телефон, 10 за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, како и 101 прекршок за неправилно и непрописно паркирање.

За недавање првенство на минување на пешаци изречени се три прекршоци, за непрописно престројување изречени се четири прекршоци, казнети се и двајца пешаци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај едно возило е утврдена техничка неисправност, а со пајак службата подигнати се вкупно 88 возила.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски