Викенд карантин нема да има, но можни се нови рестрикции денес или утре

Од:

Во текот на денов или утре Комисијата за заразни болести ќе има нов состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид – 19. Од Министерството за здравство велат дека е можно да се предложат, нови, построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Состанокот ќе биде денес или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството за здравство за „А1он“.

Минатата недела министерот за здравство Венко Филипче најави можно заострување на мерките доколку бројките се во пораст, а како следни можни рестрикции ги најави зголемувањето на полицискиот час и скратувањето на работното време на угостителските објекти. Но, по анализа на состојбата Комисијата предложи само да продолжи траењето на полицискиот час од 22 до 05 часот до шести април оти важноста му истекуваше на 22 март. Владата оваа мерка ја усвои во понеделникот. Построги рестрикции не беа предложени, а министерот Филипче во петокот минатата недела рече дека сегашниот полициски час дава резултати, очекува бројките да се намалуваат и извести дека дневната бројка на новозаболени за петокот е под 1000. Во петокот, мината недела, беа регистрирани 999 новозаболени.

Од тогаш бројките се во пораст. Во вторникот, оваа недела, беа регистрирани најголем број смртни случаи во овој, трет, бран кога за 24 часа починаа триесетмина,  а вчера, пак, беа регистрирани рекорден број новозаболени во овој бран, 1347.

Министерството за здрасвство денес извести дека има уште околу 270 слободни болнички кревети за Ковид – 19 пациентите низ целата држава. Во болниците, заклучно со денес, на лекување има 1448 пациенти, а само во Скопје изимантите 24 часа, на лекување биле примени рекордни 81 пациент.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски