Зголемување на полицискиот час и скратување на работата на кафеаните се следните рестрикции, одлука в понеделник

Од:

Следните рестриктивни мерки за кои размислува Комисијата за заштита од заразни болести, доколку дневните бројки на новозаболени растат, се продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Дали се неопходни ќе се одлучува в понеделник. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека денес има помал број новозаболени во однос на вчера и очекува тој тренд на намалување да продолжи.

„Во смисла на дополнителни рестрикции следните чекори би биле зголемување на полицискиот час и скратување на работното време на угостителските објекти. Тоа би било дополнително на овој лимит сега. Очекуваме бројот на новозаболени да се намали, како резултат на веќе воведениот полициски час. Денес имаме бројка на новозаболени под 1000, значи помалку во однос на вчера и очекуваме така да продолжи. Овие мерки го даваат резултатот во првите десет до четиринаесет дена, ќе ги анализираме податоците. Спремни сме да препорачаме и дополнителни мерки, но сметаме дека не се потребни. Одлука ќе носиме в понеделник“, рече министерот Филипче.

Воведувањето на дополнителни рестрикции, министерот Филипче рече дека зависи главно од динамиката на примање нови пациенти и слободните болнички кревети во ковид – центрите. Во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се обезбедени вкупно 100 дополнителни болнички кревети во однос на оние кои биле на располагање во есенскиот бран со пренамена на постојните оддели. За ставање во функција на 100 – те кревети во поранешниот хотел „Ибис Стајлс“ кои приватите клиники ги отстапија на јавното здравство, се уште нема одлука. Министерот Филипче вели дека приоритет имаат одделите кои се во рамки на сегашните болници.

„Ги пренаменуваме веќе постојните оддели во клиниките оти тука е експертизата и полесно е тука да се организира работата. Се организираме по принципот на ротација, кој е веќе воспоставен, а пациентите се префрлаат на одделите согласно тежината на болеста“, објасни министерот Филипче.

Тој не ја исклучи можноста и ковид – центарот во поранешниот хотел „Ибис“ во Тафталиџе да се стави во функција, доколку се исполнат сите капацитети.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска