А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври, може да се потрошат најмногу 30.000 денари по поединец

by Маја Илиевска-Пачемска27/09/2020 - 14:3027/09/2020 - 18:063872
Share0

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10 – 12 октомври. Државата ќе го врати ДДВ-то на секој корисник на апликацијата „Мој ДДВ“ но само за сума до 30.000 денари по поединец.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Оваа мерка ќе опфати повеќе од 350.000 корисници. Лично јас се надевам да опфати и 500 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ’, кои за време на продолжениот викенд ќе купат домашни производи и услуги и ИТ опрема најмногу во вредност до 30.000 по поединец, за само неколку дена ќе им биде вратен целиот износ на ДДВ за овие производи“, рече премиерот Заев.

Тој ги повика правните субјекти да направат разграничување на домашните производи и услуги и странските во фискалните каси за да може да се спроведе мерката.
Премиерот очекува со оваа мерка, која ја нарече инјекција за стопанството, да се направи вкупен промет од над 170 милиони, а проекциите стигнуваат и до 250 милиони евра. Кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра со проекција да стигнат и до 22,5 милиони евра.
Викендот без ДДВ, кој се реализира како дел од четвртиот сет мерки, Владата го најави на почетокот на мај како една од третиот сет мерки за помош на граѓаните по економската криза предизвикана од коронавирусот. Најавите беа тој да се одржи кога ќе спласне епидемијата за да се избегнат евентуални негативни последици.

ekonomski merkivikend bez ddv

Би можело да ве интересира

„Викендот без ДДВ“ донел двојно поголем промет од обично, граѓаните потрошиле 8,5 милиони евра

Жарко Настоски13/10/2020 - 19:1513/10/2020 - 23:06

Мицкоски: Новиот пакет мерки нема донесе ништо добро, туку дополнително ќе ја продлабочи кризата

А1он27/09/2020 - 16:02

Уредба за првите мерки од третиот сет ќе има следната недела, најави Царовска

А1он23/05/2020 - 13:2323/05/2020 - 14:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео