Вигенин со позитивни тонови за Македонија, Филе бара да не се заборави земјата

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе побарал од министрите за надворешни работи на земјите членки да не заборават на Македонија и покрај тоа што денеска не е тема на разговор на состанокот на Советот за општи работи (ГАК) и за неа нема да има ниту заклучок, ниту датум на претстојниот Самит на Европскиот совет.

Како што јавува дописникот на МИА од Луксембург, Филе во своето образложение на тркалезната маса пред шефовите на дипломатиите за процесот на проширување, дал до знаење дека и покрај тоа што е тема доделувањето на датум за преговори на Србија, во иднина не треба да се заборави и на Македонија.

Според информациите од првичната дискусија за прашањето за проширување на ЕУ, единствена точка е Србија, но освен Филе, на првата рунда разговори, Македонија, и тоа во позитивен контекст ја споменал и новиот министер за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин.

– Неодамна станав министер и морам да кажам дека мојата прва посета беше на Македонија. Таму затекнав позитивна атмосфера во однос на добрососедските односи и во исполнувањето на реформите за членство во ЕУ. Мислам дека се затоплуваат односите меѓу Бугарија и Македонија и тоа очекувам да донесе позитивни работи во иднина, па не треба да ја заборавиме оваа земја во иднина, порачал бугарскиот министер Вигенин.

Според информациите од разговорите на министрите, кои во моментов се на пауза и ќе продолжат со разговорите во 15:00 часот, Филе и Вигенин единствени ја споменале Македонија, додека сите останати говореле за Србија и можноста да се додели датум за преговори.

Во овој момент, веќе се знае дека Европската комисија и комесарот Филе би требало веднаш да подготват преговарачка рамка за Србија и да започнат со скрининг-процесот, а се очекува во заклучоците до крајот на денот да влезе и декември месец оваа година како последен момент кога би започнале официјалните преговори што би го одобрил Советот на министри или Европскиот совет (што е барање на Германија, што би било исклучок од досегашните правила и постапки на Унијата).

Би можело да ве интересира

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет