А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Вигенин: Се надевам дека нема да има импровизирани изјави за Македонија

by А1он03/01/2022 - 18:38319
Share0

Потпретседателот на 47. Народно собрание на Бугарија и поранешен министер за надворешни работи Кристијан Вигенин на Фејсбук напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој пишува дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

На крајот од својот пост, Вигенин заклучи дека секој збор е важен, и затоа се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.

dogovor bugarija

Би можело да ве интересира

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Катерина Ѓуровски26/12/2024 - 13:12

Зајкова: Во Заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ не стои дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш

Катерина Ѓуровски17/10/2024 - 11:4017/10/2024 - 13:24

Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков на разговор во МНР

Катерина Ѓуровски16/09/2024 - 08:1716/09/2024 - 13:37

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

A1on09/11/2022 - 11:2209/11/2022 - 12:08

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

A1on08/11/2022 - 10:4408/11/2022 - 11:10

Ковачевски: Нема да го коментираме францускиот предлог додека не е усогласен во ЕУ

Ана Ололовска19/06/2022 - 15:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен