ВИДЕО:Запленета марихуана вредна половина милион евра

Од:

Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција “Козјак“ реализираше случај на недозволено производство на наркотична дрога – марихуана, при што се запленети 839 стебла од растението „канабис сатива“.

По претходно добиено сознание и примена на посебни истражни мерки, на 12.08.2012 година, беа преземени координирани мерки и активности при што во атарот на с.Лукавица, општина Желино, откриени се насади со растението „канабис сатива“ кои се одгледувале на површина од околу 400-500 м2, каде биле засадени вкупно 839 стебла кои во моментот на откривање биле со висина од 70 до 250 сантиметри.

Стебла се наводнувани со помош на инсталиран систем капка по капка, спроведен до секој корен од растението. На лице место затекнато е лицето Р.Љ.(1959) од Скопје, кое веднаш е лишено од слобода. Освен него на лице место е забележано уште едно НН лице (според сознанијата истото е од Р.Албанија) кое успеало да побегне и по истото се трага.

На споменатата локација пронајдени се и одземени предмети кои биле користени за одгледување на насадот со марихуана и тоа: еден чамец, два мотори за чамец, агрегат за струја, четири празни буриња од 500 литри, електричен кабел со должина од околу 50 метри, канта со гориво, најлонска вреќа со вештачко ѓубре, различни должини на црева за новоднување за систем капка по капка, работни ракавици, пластични шишиња, потопна пумпа за вода и други предмети.

Извршен е претрес во импровизирана колиба во непосредна близина на насадот со канабис сатива, во која престојувал Љ.Р. и при тоа е пронајдена една ловна пушка-пумпарица марка Маверик кал.12 и 3 патрони и истата ќе биде предадена на вештачење во ОКТ при МВР .

По целосно документирање на случајот СВР Тетово до ОЈО Тетово ќе поднесе кривична пријава против Љ.Р. и НН лице од Р.Албанија, поради сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”, казниво по чл.215 став 1 од КЗ на РМ.

Според големината, односно “зрелоста“ на стеблата, проценка е од едно стебло можно е добивање и до три килограми марихуана, односно вкупно од откриените насади може да се добие над 1.000 до 1.200 килограми марихуна, количина која што на домашниот нарко пазар, на големо, би чинела преку половина милион евра. Доколку пак таа количина би се продавала во соседните земји (како на пример во Хрватска, Бугарија или Грција) нејзината вредност би била тројно поголема. Инаку карактеристично е што локацијата на која биле насадите, во атарот на село Луковица, општина Желино, е исклушително тешка за пристап со автомобил, односно до неа може да се дојде само пеш или со чамец.

МВР презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање на други лица инволвирани во случајот.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он