Граѓаните се згрозени и револтирани од снимките, на кои се гледа како студенти беа нападнати додека спремаат испити и колоквиуми.
Синоќа, околу 23 00, специјалци од МВР, упаднале во читалната „Браќа Миладиновци“, на улица „Партизанска“, барајќи учесници во протестите.
Студентите сведочат, дека полицијата направила лом, девојки студентки губеле свест, а дечки студенти јаделе пендреци.
„Сите студенти биле построени пред читалната, а извесен специјалец колективно ги испрашувал кои од нив се демонстранти и да не лажат дека учат бидејќи никој не учи во 23:00.Полициската бруталност мора да престане! Невини студенти беа тешко ранети и раскрварени! Некој за ова мора да одговара! Ова нема да помине неказнето!
#НемаПравдаНемаМир“, напишаа студентите.