Професорката на Факултетот за драмски уметности, Синоличка Трпкова од пред МРТ ги повика сите граѓани да се приклучат на протестите и да се врати јавниот сервис на граѓаните.
-Еден човек секоја вечер излегува пред МРТ и бара слобода на медиумите. МРТ е наш медиум и ние го плаќаме. Ако го плаќаме тогаш ние сакаме да бидеме информирани. За оние граѓани кои не им е јасно, тоа е исто како да зеле плата, да отидат во самопослуга и немасто да си ги купат производите што им требаат, газдата им дава по негова идеја работи и продукти.
Треба да разбереме кога ќе ни ги затворат сметките поради тоа што не сме платиле радиодифузна сметка е поради тоа што не ги добиваме информациите. Овде Стојанче Ангелов донесе ЦД кое не го пуштаат во телевизијата.
Мене ме восхити неговата храброст и упорност, а пред се искреност и чесност. Овде сме поради една единствена работа-слобода. Изатоа сите што сте неутрални, не се плашете, дојдете, ќе се изборите за својата лична слобода, рече Трпкова.