ВИДЕО: СДСМ Карпош контра Стевчо Јакимовски

Од:

СДСМ Карпош реагира на носењето на ДУП Тафталиџе и ДУП Карпош 3 за време на празниците и во нетранспарентна постапка. До Државниот инспекторат за локална самоуправа поднесени се претставк поради прекршувањето на повеќе законски и подзаконски акти на општината при носење на ДУП-те. Еве што изјави Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ Карпош:

На седницата на Советот на општина Карпош, одржана на големиот христијански празник Бадник, скришно, на нетранстарентен начин, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ ги усвоија Деталните урбанистички планови за Тафталиџе 1 и Карпош 3.

Ваквата насилна, недемократска одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ, односно на Никола Груевски и Стевчо Јакимовски е спротивна на интересите и барањата на граѓаните на Карпош.

Граѓаните со право реагираат и не се согласуваат со „дил-оринтед“ одлуките на Груевски и Јакимовски, за што беа подесени и стотици анкетни листови токму за овие Детални урбанистички планови.

Граѓаните на Карпош бараат зеленило наместо урбана џунгла од згради.

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери ги брани интересите на граѓаните на Карпош.

Се спротивстaвуваме на нетранспарентниот и недемократски начин на работа на општина Карпош, на штета на граѓаните.

Демонстративно ја напуштивме седницата на Советот, свикана токму на верски празник, на којашто без претходна најава, нетранспарентно и кукавички беа вметнтати двете точки за усвојување на овие детални урбанистички планови.

Советничката група на СДСМ и коалициските партнери поднесе и две иницијативи за покренување постапки пред надлежните органи, во врска со незаконската и неделовничка постапка на носење на овие два урбанистички планови.

До Државниот инспекторат за локална самоуправа поднесoвме претставка поради прекршувањето на повеќе законски и подзаконски акти на Општината.

Дополнително, ќе ги поддржиме и сите иницијативи на граѓаните со коишто на демократски начин се изразува незадоволството од ваквиот начин на внесување на урбанистички хаос и уништување на квалитетот на животот на граѓаните во Општина Карпош.

Поради владеењето на Никола Груевски и Стевчо Јакимовски, Карпош се соочува со последиците од дивеењето на урбаната мафија.
Со континуираното уништувањето на зеленилото, изградба на објекти со кои се попречува нормалното функционирање на урбаните заедници, Карпош се повеќе пропаѓа во собраќааен хаос и граѓаните се гушат во се позагаден воздух.

Ќе ги искористиме сите правни и демократски механизми. Заедно со граѓаните, ќе направиме се да се спречи понатамошното уништување на Карпош.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски