ВИДЕО: Претстава сред Сингелиќ-Пешевски го фали Коце пред Груевски, се враќале насмевките кај граѓаните

Од:

Актерските зафати на владините функционери сред кризата не престануваат. Лоша глума, актерите исти, му реферираат на Никола Груевски кој што направил досега. Се демонстрира ефикасност осмиот ден од поплавата, откако институциите потфрлија, пред нарачани камери на истите медиуми, кои секој ден случајно налетуваат на Груевски.

-Овие што се камиони, така? Да камиони се . И овие цела ноќ ќе работат? Дел од нив ќе работат, да.

-Значи сега тенкиот слој од калта се вади? Да тоа се прави. Фекалките? И тие ќе работат цела ноќ, така? Да така е, беа прашањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите на градоначалникот на Скопје.

-Морам да го пофалам Коце, одлична работа заврши и претпријатијата од комунална хигиена, рече Владимир Пешевски, пред Груевски.

Сите заедно на Груевски го убедуваа дека се враќале насмевките на лицата на поплавените граѓани, иако во реалноста тие не знаат што со себе, откако водата им уништи се што досега создавале..
-Прв пат гледаме насмевки, се враќаат насмевките кај луѓето, се враќа довербата кај граѓаните, го информираа Груевски градоначалникот на Скопје и Пешевски.

Во моментот на поставување на видеата во овој текст, видеата имаа само 554 и 417 прегледи што укажува за интересот на јавноста за ваквите претстави.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски